Назад

Обмен на добри практики със Стопанската камара на Македония


  • СО РАЗМЕНА НА ДОБРИ ПРАКТИКИ ДО ПОДОБРИ УСЛУГИ ЗА КОМПАНИИТЕ




    Стопанската комора на Македонија и Бугарската трговско-индустриска комора, ќе работат на продлабочување на соработката во повеќе области од взаемен интерес на своите членки
     
    Во насока на продлабочување на соработката и иницирање нови форми на заедничко делување, оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија м-р Анета Трајковска оствари работна средба со претседателот на Бугарската трговско-индустриска комора Цветан Симеонов, во Софија во периодот 23 и 24 јануари 2020 година.

    На состанокот беа потврдени традиционално добрите односи меѓу коморите, репрезенти на најголемите компании во двете земји, а беа разменети и информации за можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од взаемен интерес, во насока на подобрување на постојните услуги и креирање нови кои коморите ги нудат на своите членки.

    Оперативниот директор на Стопанската комора ги презентираше стратешките цели на Комората кои се во насока на поддршка на македонските компании за подигнување на конкуретноста и иновативноста согласно европските стандарди, но и за можноста за поголема взаемна соработка на компании од двете земји со цел раст на размената и креирање амбиент за поголема регионална економска соработка. Претседателот на Бугарската трговско-индустриска комора пак информираше за   активностите на Евроклубот при Комората кој минатата недела одбележа јубилеј 20 години од основањето.

    Инаку Стопанската комора на Македонија и Бугарската трговско-индустриска комора имаат историја на заедничка повеќе годишна соработка и во рамки на функционирањето на Асоцијацијата на балканските комори (ABC) каде двете бизнис асоцијации се основачи и членки, но и преку активностите на партнерскиот проект за институционален развој со Унијата на германски комори за индустрија и трговија (DIHK).  

    http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=3&evid=37695&lng=1

     


Назад